Свет Се зголемува бројот на загинатите во земјотресот на Борнео

Се зголемува бројот на загинатите во земјотресот на Борнео

Единаесет лица загинаа, а осум сè уште се водат за исчезнати во вчерашниот земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала, што го погоди малезискиот дел на островот Борнео.

Како што соопштија локалните власти, замјотресот предизвикал и неколку свлечишта, поради што 137 планинари и туристи биле блокирани на планинскиот врв Кинабалу.

Епицентарот на земјотресот бил на 54 километри од градот Кота Кинабалу, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.