Македонија Расположението за решавање на спорот за името е на највисоко ниво, оцени...

Расположението за решавање на спорот за името е на највисоко ниво, оцени Хојт Ји

Безбедностa на Македонија зависи од решавањето на спорот за името и од влезот на земјата во НАТО, оценија денеска во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон, јавува „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

Заменик-помошникот американски државен секретар, Хојт Ји, оцени дека расположението за решавање на спорот за името е досега на највисоко ниво. Тој изрази надеж дека набргу ќе се најде решение.

– Има уште многу работа да се заврши, и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега – рече Хојт Ји.

На новинарско прашање за шпекулациите дека тој ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија, Хојт Ји ниту ги потврди, ниту ги демантираше. Кратко, зад камерите, посочил дека сè уште нема информации за негово можно назначување.