Свет Европа Ранети двајца полицајци во Швајцарија, напаѓачот е во бегство

Ранети двајца полицајци во Швајцарија, напаѓачот е во бегство

Швајцарската полиција трага по 33-годишен маж кој утринава рани двајца полицајци во местото Рехетобел, јавуваат швајцарските медиуми.

Инцидентот се случил нешто по девет часот, кога полицијата се обидела да ја претресе куќата на осомничениот. Тој отворил оган и ранил двајца полицајци, кои веднаш се хоспитализирани.

Осомничениот е во бегство и веројатно е вооружен, предупредува полицијата.