Свет Балкан Рама тврди дека односите со Србија никогаш не биле подобри

Рама тврди дека односите со Србија никогаш не биле подобри

Изјавата за обединување на Албанија и на Косово е извадена од контекст, рече албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Ал Џезеира Балканс“.

Рама оцени дека односите меѓу Албанија и Србија никогаш не биле подобри, додавајќи дека „мора да се разбере процесот на интеграција како единствен инструмент за модернизација на нашата реалност, а истовремено да се приближиме едни кон други во големо обединето европско семејство“.