Хроника Работник починал по пад од кров на куќа

Работник починал по пад од кров на куќа

Шеесет и осумгодишен жител на Македонски Брод вчера го загубил животот по пад од кров на куќа, на кој извршувал градежни работи, соопшти полицијата.

Несреќата се случила околу 11 часот во селото Дебреште, Прилепско. Од падот, В.Н. се здобил со тешки телесни повреди и веднаш биле пренесен во Медицинскиот центар во Прилеп, каде во 15.20 часот починал.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од полициската станица во Прилеп.