fbpx

Ковачевски најави скоро пуштање во употреба на експресниот пат Крупиште-Кочани

-

Делницата Крупиште – Кочани, која е втора фаза од изградбата на експресниот пат Штип – Кочани е 96% изведена и наскоро ќе биде готова и ставена во функција, порача премиерот Димитар Ковачевски денеска, по посетата на градежните работи за новиот пат. Тој беше придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Вториот дел од експресниот пат што треба да го замени стариот магистрален пат меѓу Штип и Кочани, е со должина од 13,75 км.

Како што објасни Рустеми, широчината на патот е 11,4 метри, ќе има четири ленти, и тоа по две коловозни од по 3,5 метра и две ленти за застанување од по 2 метра, како и две рабни ленти од по 0,20 метри. Максималната брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час. Изведувач на градежните работи е „Синохидро“ од Република Кина, а надзор е „Патинвест инженеринг“ АД од Софија Република Бугарија. Во моментот се поставува сигнализација, осветлување на клучките, еластична одбојна ограда и се асфалтираат последните 700 метри.

Според премиерот Ковачевски, градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент има 96 отсто.

„Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што ќе се забрза и олесни патувањето за граѓаните од овој крај, ќе се намалат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада. Како и во изминатите години. И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско – енергетска криза интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри“, рече Ковачевски.

Министерот Бочварски рече дека со изградбата на експресниот пат до Кочани ќе се подигне животниот стандард на преку 170.000 илјади жители од Источниот регион, и ќе се создадае поволни услови за развој и регионално поврзување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...