Свет Свет Путин: Тешкотиите во 2016 година ја обединија Русија

Путин: Тешкотиите во 2016 година ја обединија Русија

Тешкотиите со кои се соочуваше Русија во 2016 година ја обединија земјата и поттикнаа отворање на нови можности за државата да тргне напред, порача рускиот претседател, Владимир Путин, во традиционалното новогодишно обраќање.

– 2016 година беше тешка и полна со предизвици. Најважно е да веруваме во себе и во својата држава. Работиме успешно и остваруваме – изјавил Путин.

Тој им се заблагодари на граѓаните за победите, достигнувањата, разбирањето и за искрената грижа кон државата.