Свет Европа Путин: Русија не треба да се откаже од странските инвестиции

Путин: Русија не треба да се откаже од странските инвестиции

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не би требалo да се откаже од странските инвестиции и технологии.

– Не би смееле, по ниту една цена, да се откажеме од странските инвестиции и технологии, кои би можеле да ни помогнат во економскиот пораст – рече Путин.

По руската анексија на украинскиот полуостров Крим во март 2014 година, Западот воведе санкции кон Русија кои ѝ го ограничија пристапот до странски капитал и технологии.

Санкциите ги погодија банкарскиот, енергетскиот и одбранбениот сектор. Русија му одговори на Западот со контрамерки.