Свет Путин пристигна во Индија, ќе потпишува договори со Моди

Путин пристигна во Индија, ќе потпишува договори со Моди

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во индиската сојузна држава Гоа на разговори со премиерот на Индија, Нарендра Моди.

Состанокот на двајцата лидери се одржува во пресет на дводневниот самит на државите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африја) кој денеска почнува во Гоа.

Путин и Моди треба денеска да потпишат договори од областите енергетика и одбрана во знак на продлабочување на односите на двете земји.

Индија и Русија денеска треба да потпишат договор вреден повеќе милијарди долари за испорака на Индија на најмодерен руски антиракетен одбранбен систем С400, кој може да обезбеди заштита на неколку стотина километри.