Свет Путин одлучи да не протерува американски дипломати

Путин одлучи да не протерува американски дипломати

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одлучи дека Москва нема да протерува американски дипломати како одговор на санкциите на Вашингтон.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно предложи да се протераат 35 американски дипломати.

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, синоќа потпиша декрет за воведување нови санкции кон Русија поради мешање во американските претседателски избори и наложи протерување на 35 руски дипломати од руската амбасада во Вашингтон и од конзулатот во Сан Франциско, давајќи им рок од 72 часа со семејствата да ја напуштат САД.

Лавров рече дека Москва ќе одговори на новите санкции на Русија поради наводното хакирање веб-страници и е-мејлови на американската Демократска партија, но додаде дека министерството за надворешни работи на Русија му предложила на Путин да прогласи за „персона нон грата“ 31 вработен во амбасадата на САД во Москва и четворица вработени во американскиот конзулат во Санкт Петерсбург.

Путин, сепак, одлучи да не протерува американски дипломати како одговор на санкциите на Вашингтон.