Свет Европа Путин: Не се намалува бројот на проблематични точки во светот

Путин: Не се намалува бројот на проблематични точки во светот

Бројот на проблематични точки во светот не се намалува, а конфликтите не се решаваат во посакуваниот обем што предизвикува загриженост, вели рускиот претседател Владимир Путин.

– Затоа е тешко да се решат односите во многу делови од светот. Бројот на проблематични точки во светот не се намалува – истакна Путин за време на советот на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ).

Путин како проблематични точки ги истакна Авганистан, Ирак и Сирија.

На самитот се обрати и казахстанскиот претседател, Нурсултан Назарбајев, кој рече дека неговата земја е подготвена да развие воено-техничка соработка со Русија.

Самитот на ОДКБ се одржува во Санкт Петерсбург, а помеѓу другото на состанокот ќе стане збор и за тоа кој ќе биде нов генерален секретар на организацијата.