Свет Путин нареди итно да се испратат мобилни болници во Алепо

Путин нареди итно да се испратат мобилни болници во Алепо

Рускиот претседател Владимир Путин му наредил на министерството за одбрана и за вонредни ситуации да испрата мобилни болници во Алепо што е можно побргу.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин наредил војската да им пружи „медицинска помош на жителите на Алепо и на околните места“.

Русија воено ги помага силите на сирискиот претседател Башар ал Асад во обидот да го преземат градот од бунтовниците.

Сириските хуманитарни организации ја обвинуваат сириската влада и Русија дека ги напаѓаат болниците во Алепо.