Свет Путин ќе ги тужи САД

Путин ќе ги тужи САД

Рускиот претседател, Владимир Путин, му наложил на Министерството за надворешни работи да ја тужи американската администрација поради запленувањето на имотот на руските дипломатски претставништва во САД, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Путин претходно најави дека ќе наложи преземање правни дејства поради кршењето на имотните права на Русија од Вашингтон.

– За почеток ќе дадам налог Министерството за надворешни работи да се обрати до судот, да видиме како функционира тој толку фален американски правосуден систем – изјави претходно Путин на прес-конференција во Сјамен.

Тој, исто така, рече дека Русија го задржува правото дополнително да го намали американскиот дипломатски персонал во Москва и дека земјата ќе протера уште 155 дипломати, но дека тоа нема да се случи во овој момент.