Свет Европа Путин ја откажа средбата со Оланд во Париз

Путин ја откажа средбата со Оланд во Париз

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја откажа планираната посета на Париз, откако францускиот колега, Франсоа Оланд, предложил средбата да биде посветена само на преговорите за Сирија.

– Имаше контакти меѓу Кремљ и Елисејската палата утринава, со предлог Путин да замине во работна посета, посветена на Сирија, но при оваа посета претседателот Оланд да не учествува во никакви други настани. Како одговор на овој предлог, Русија соопшти дека сака да биде откажана посетата, предвидена за 19 октомври – соопшти извор од Елисејската палата.

Путин за време на посетата на Париз, исто така, требаше да ја отвори новата руска православна катедрала и да посети изложба на руска уметност.