Свет Европа Путин и Шојгу ги пофалија воените вежби „Запад 2017“

Путин и Шојгу ги пофалија воените вежби „Запад 2017“

Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, ги пофалија резултатите од руско-белоруските воени вежби „Запад 2017“.

И покрај руските обиди за смирување на ситуацијата, членките на НАТО се многу загрижени поради воените вежби, а пред сè станува збор за источноевропските членки на Алијансата кои стравуваат дека Русија би можела да ги нападне.

Руското министерство за одбрана тоа го негира и тврди дека маневарот е во целосно дефанзивна природа и не е насочен кон ниту една земја ниту, пак, група на земји.