Свет Европа Путин и Меј ќе ги затоплуваат односите во четири очи

Путин и Меј ќе ги затоплуваат односите во четири очи

Претседаателот на Русија Владимир Путин и премиерката на Велика Британија, Тереза Меј во телефонски разговор изразија незадоволство од сегашната состојба на руско-британските односи, соопшти Кремљ.

Во соопштението се наведува дека двете страни се сложиле за зајакнување на соработката на голм број прашања, вклучувајќи го и подобрувањето на дијалогот меѓу разузнавачките служби на двете земји околу осигурување на безбедноста во авионскиот сообраќај.

„Путин и Меј планираат да одржат состанок очи во очи во блиска иднина“ соопшти Кремљ и додаде дека телефонскиот разговор е направен на иницијатива на Британија.