Свет Балкан Путин бара разговор со Ципрас

Путин бара разговор со Ципрас

Ненадејното пристигнување на министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, во претседателската палата и среде лидерската средба, разгоре информации дека рускиот претседател Владимир Путин бара директна линија со Ципрас.

Според информациите, се очекува Ципрас за кратко, во текот на паузата од лидерската средба, да разговара со Путин.

Неофицијално, Ципрас на лидерите на опозициските грчки политички партии, со кои разговара речиси четири часа, им побарал да ја поддржат волјата и јасната одлука на грчкиот народ од вчерашниот референдум да се дојде до одржливо решение со европските институции.

Заменик-претседателот на Европската комисија, Владис Домбровски, истакна дека гласот против мерките го продлабочил јазот меѓу Грција и другите држави.

Од Германија, пак, доаѓа информација дека Берлин во моментов не гледа основа за понатамошна помош на Грција со грчкото „не“, но остануваат отворени за идни разговори.

М.П.