Свет Балкан Пусиќ се откажа од трката за генерален секретар на ОН

Пусиќ се откажа од трката за генерален секретар на ОН

Поранешната шефица на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ, денеска ја повлече својата кандидатура за прв човек на ОН, со образложение дека по првиот круг од гласањето станало јасно дека новиот генерален секретар ќе биде избран меѓу кандидатите од самата организација – лица што работат или работеле за ОН.

Пусиќ оценила дека резултатите од првиот круг на гласање јасно покажале дека таа нема да ја добие функцијата, иако до конечниот избор има уште неколку круга гласање.

„Поради тие причини ја повлекувам својата кандидатура за генерална секретарка на ОН и нема да учествувам во понатамошните активности поврзани со овој избор“, стои во соопштението на Пусиќ, која по првиот круг на гласање се најде на последното, 12. место.