Свет Европа Пукање во Прага, има загинати и повредени лица

Пукање во Прага, има загинати и повредени лица

Пукањето се случило на Карловиот универзитет лоциран на плоштадот Јан Палах, во близина на стариот дел од Прага, на околу 500 метри од историскиот Карлов мост

Извор на фотографија: Anthony DELANOIX on Unsplash

Чешката полиција соопшти дека неколку лица се убиени, а десетици се повредени во пукањето што попладнево се случило во центарот на Прага, јавува Би-би-си. Пукањето се случило кај Карловиот универзитет во Прага, при што полицијата соопшти дека напаѓачот е елиминиран и дека универзитетската зграда е евакуирана.

Нападот се случил на универзитетот лоциран на плоштадот Јан Палах, во близина на стариот дел од Прага, на околу 500 метри од историскиот Карлов мост, кој привлекува огромен број на туристи.

Властите соопштија дека целиот плоштад и неколку улици околу универзитетот во Прага се затворени.

Очевидци за Би-би-си раскажуваат дека одеднаш слушнале многу истрели, по што забележале голем број на полицајци кои пристигнале на местото на настанот.

Чешкиот премиер Петр Фиала изјави дека ги откажал претстојните ангажмани поради „трагичните настани“.