Спорт ПСЖ ќе даде 190 милиони евра за Нејмар

ПСЖ ќе даде 190 милиони евра за Нејмар

Според француските медиуми, ПСЖ ќе се обиде да пронајде замена за Златан Ибрахимовиќ во Барселона, пренесе „Спорт 365“.

Богатите сопственици на ПСЖ подготвиле неверојатни 190 милиони евра за бразилската ѕвезда на каталонскиот гигант.

Нејмар  во втората сезона во Барселона одигра одлично, постигна 39 голови во сите натпреварувања и со клубот ја освои тројната круна.