Свет Балкан Првите резултати од истрагата за убиството на Ивановиќ се очекуваат денеска

Првите резултати од истрагата за убиството на Ивановиќ се очекуваат денеска

Приштина најави дека денеска ќе ги објави првите резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби.

Косовскиот обвинител кој ја води истрагата за убиството на Ивановиќ, Шухри Суља, во петокот изјави дека во резултатите се вклучени снимки од безбедносни камери, детали за запалениот автомобил како и форензички докази.