Спорт Спорт Македонија Прв веслачки маратон во Охрид, на 19 септември

Прв веслачки маратон во Охрид, на 19 септември

Веслачки маратон ќе се одржи на 19 септември во Охридското Езеро. Маратонот, кој се случува првпат, ќе почне во Струга, а целта е Канео во Охрид.

Се очекува дека оваа манифестација ќе го зголеми интересот на младите за веслањето, спорт кој последнава деценија сè помалку е актуелен во Македонија. Веслачите од Струга и од Охрид имаат значајни остварувања на балканските веслачки првенства.

Постои интенција трката да стане традиционална.