Главна секција Прв состанок на работната група за Договорот од Пржино

Прв состанок на работната група за Договорот од Пржино

Денеска попладне работна група составена од двајца членови од секоја од најголемите партии, ќе ја има првата средба за спроведување на Договорот од Пржино.

На оваа средба би требало да се договорат нечелата и принципите по кои ќе се работи, а белгискиот посредник Питер Ванхут ќе биде координатор на комисијата.

Во комисијата ќе членуваат по двајца од четирите најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Комисијата ќе има задача да ги спроведе реформите од извештајот на Рајнхард Прибе и од договорот од 2 јуни, како што се тие што се однесуваат на медиуми, судство, ДИК, Агенцијата за медиуми и јавниот сервис, Бирото за јавна безбедност, Антикорупциската комисија и Управата за јавни приходи, со кои ќе се обезбеди независност во нивната работа и демократизација во општеството.

Како што информираат извори од работната група, ќе има само една работна група, но партиите ќе можат да ги менуваат членовите во зависност од областа за која ќе се разговара.

Целата работа на овие групи би требало да биде завршена до септември, кога СДСМ треба да се врати во Собранието.