Главна секција Протестите не ја премислуваат Владата

Протестите не ја премислуваат Владата

Законските измени, со кои за хонораците ќе се плаќаат придонеси за пензиско и за здравствено осигурување, ќе се се применат од први јануари. При денешната посета на Штип, премиерот Никола Груевски рече дека Владата останува решена со законските измени да ги натера работодавците да ги вработат хонораците.
Груевски уште еднаш го повтори познатиот став дека измените се во функција на хонорарците, кои на овој начин ќе бидат згрижени во системот.
Што се однесува до предложените измени во законот за високо образование, премиерот изјави дека со државниот испит се подобрува квалитетот на високото образование.
– Деновиве се водат интензивни дебати за предложените измени и има повеќе интересни продлози, кои можат да се разгледуваат. Реформи мора да има за да ставиме крај на купените дипломи – изјави Груевски, кој за протестите рече дека се дело на опозициските партии и на мрежата на Сорос.
В.К.