среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: хонорари | 25 резултати

ЕЛЕМ минатата година за плати и за хонорари потрошиле 56,8 милиони евра

септември 12, 2017

Премиерот и министрите денеска расправаа за затекнатата состојбата во АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) во периодот од почетокот на оваа година до 1 август, соопшти владината прес-служба. Според анализа што била доставена до Владата, производството на електрична енергија во ЕЛЕМ е во континуирано опаѓање, додека потрошувачката на јаглен и на мазут, по произведен мегават електрична енергија, […]

ССНМ: Одлуката за штрајк на новинарите на МПМ останува за 17 февруари

февруари 8, 2017

И покрај делумно исполнетото барање за исплата на декемвриската плата, одлуката за штрајк во организација на Сојузот на синдикати на новинарите на Македонија (ССНМ) во редакциите на „Медиа принт Македонија“ останува, информираат од ССНМ. Оттаму додаваат дека доколку не дојде до преговори и до исполнување на барањата, штрајкот ќе почне како што е планирано, на 17 […]

Словенечката министерка за образование поднесе оставка

март 6, 2015

Словенечката министерка за образование, Станка Сетникар-Цанкар,  денеска поднесе оставка на функцијата откако во медиумите беше објавено дека во последните 11 години на име хонорари заработила 636.000 евра. Станува збор за хонорари што таа ги добивала паралено со платата од љубљанскиот Факултет за јавна управа, сè до изборот за министер минатата година. – Не се чуствувам […]

УЈП: Подготвен е системот за плаќање придонеси за хонорарците

февруари 14, 2015

Подготвен е системот за пресметка и за уплата на придонесите на приходите од договори на дело, авторски договори и други договори, соопшти Управата за јавни приходи. Софтверот, заедно со упатството за неговото користење, се поставени на веб-страницата на УЈП. Од УЈП потсетуваат дека обврската за плаќање придонес за пензиско и за инвалидско осигурување и придонес […]

Хонорарци: Сакаме да нè слушнете, а не да нè прислушувате

февруари 13, 2015

Со транспаренти „Лебот ни го земавте“, „За луѓе се работи, не за проценти“, „Не сте свесни и ние сме бесни“, „Не ги убивте сите синдикати, тука сме“, хонорарците денеска ги „поздравија“ пратениците, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Владата, за на крај да им дадат поддршка на студентите кои ја чуваат автономната зона […]

Денеска протест и марш на хонорарците

февруари 13, 2015

Денеска, во 14 часот, во паркот Жена-борец спроти Собранието, граѓаните ќе протестираат против измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Рутата за протестот ќе биде од паркот Жена-борец и Собранието, до Министерството за труд и социјална политика, Владата и, на крај, Филолошки факултет, односно слободната автономна зона на студентите. Граѓаните и граѓанските здруженија што протестираат, […]

Сè уште виси исплатата на хонорарите

јануари 28, 2015

Сè уште виси исплатата на хонорарите поголеми 0д 9.590 денари. Од Управата за јавни приходи велат дека при секоја измена на закон или, пак, образец, се прави надградба на клиентскиот софтвер МПИН за месечна пресметка за плата, придонеси и за персонален данок. Но, велат дека доцнењето на хонорарите не зависи од нив. – Даночните обврзници се должни […]

УЈП: Пресметките за хонорарите ќе ги објавиме до крајот на неделата

јануари 27, 2015

До крајот на оваа недела, Управата за јавни приходи ќе ги објави насоките со кои ќе се знае како ќе се вршат пресметките за исплаќање надомест за хонорарите поголеми од 9.590 денари. Како што објави „Мета“, испративме прашања до Министерството за труд и социјална политика за тоа дали навистина има известување во кое се бара да не исплаќаат […]

Нема хонорари над 9.590 денари за јануари!

јануари 27, 2015

Во најдолгиот месец од годината, хонорарците што земаат надомест поголем од 9.590 денари, ќе останат без примања. Од авторската агенција „Берин“ велат дека од ПИОМ добиле известување, во кое се бара од нив да не исплаќаат хонорари поголеми од 9.590 денари сè додека на интернет-страницата не биде објавено известување за тоа како ќе се вршат пресметките. Причината за […]

Придонеси ќе се плаќаат само на хонорари над минималецот

јануари 15, 2015

Ако месечните хонорари како вработен не ви ја надминуваат просечната плата од 9.590 денари, нема да морате да плаќате за дополнително социјално осигурување, појасни денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, кажа дека Министерството не се премислило и уште од самиот почеток кога биле најавени измените […]

„Солидарност“ ќе го оспори законот за хонорари на Уставен суд

јануари 7, 2015

Левичарското здружение „Солидарност“ најави дека пред Уставниот суд ќе се обиде да ги оспори дел од законите според кои се воведени измените за плаќање придонеси и за хонорарите. Освен претставката до Уставниот суд, од здружението најавуваат дека ќе продолжат и со организирање протести против овие законски измени кои стапија на сила на почетокот на оваа […]

Ставрески: Законот за плаќање придонеси е правичен

декември 24, 2014

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, уште еднаш го потврди ставот на Владата дека законот за плаќање придонеси за хонорарите ќе стапи на сила од 1 јануари, обави „А1 он“. Според Ставрески, не било правично рудари и шивачки во конфекција со по 12.000 плата да плаќаат здравствено и пензиско, а некој со ист хонорар да не […]

800 пензионери се хонорарци во Здружението на пензионери!

декември 23, 2014

Околу 800 пензионери земаат хонорар како награда за дополнителната работа во месните и во општинските одбори на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Македонија. Нивните надоместоци се движат од 3.000 до 5.000 денари во основните месни заедници, 8.000 денари во општинските организации, до 15.000 денари во градските организации и до 20.000 денари во претседателството на Сојузот, обвинува Грозда […]

Ќе страдаат најзагрозените: Протест против законот за хонорари

декември 22, 2014

„Нема да ви плаќаме“, „Не за дражавен рекет“,  „Социјална правда“, „Нема да ви помине“, „Заедно сме посилни“, „Ќе победиме“ со  овие извици, протестантите денеска ѝ порачаа на Владата дека не се согласуваат со донесувањето на новиот закон за задолжително социјално осигурување. Протестантите се собраа во паркот Жена-борец точно напладне, а оттука се упатија кон Министерството […]

Протестите не ја премислуваат Владата

декември 20, 2014

Законските измени, со кои за хонораците ќе се плаќаат придонеси за пензиско и за здравствено осигурување, ќе се се применат од први јануари. При денешната посета на Штип, премиерот Никола Груевски рече дека Владата останува решена со законските измени да ги натера работодавците да ги вработат хонораците. Груевски уште еднаш го повтори познатиот став дека измените […]

И функционерите ќе плаќаат придонеси за дополнителен приход

декември 20, 2014

Јавноста навикна Социјалдемократскиот сојуз да се испречува на секоја позитивна мерка, без разлика колку е корисна за граѓаните, особено за работниците, а со извртување на тезите, сака да ги манипулира работниците, се вели во реакцијата од Министерството за труд и социјална политика за ставовите изнесени на прес-конференцијaта на СДСМ околу законот за хонорарците. „Со стапување на […]

СДСМ: Зошто буџетите на фондовите за пензиско и за здравствено осигурување се празни?

декември 20, 2014

Новите законски решенија ќе доведат до тоа работодавците да настојуваат да ги спуштат договорите за дело под минималната плата за да ги избегнат дополнителните плаќања за здравствено и за пензиско осигурување, рече на прес-конференција Мила Царовска, претседателката на Kомисијата за труд и социјална политика на СДСМ. – На овој начин, голем број граѓани не само […]

Синдикалните здруженија бараат да се одложи законот за хонорарците

декември 11, 2014

Итно да се одложи Законот за задолжително социјално и здравствено осигурување е заедничкиот став на потписниците на синдикалната повелба. Синдикалните здруженија ќе побараат прием кај министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Потписниците на повелбата бараат да се одложи примената на овој закон која треба да важи од први јануари следната година. Исто така, […]

Работодавците предупредуваат: Со новите придонеси ќе се поттикне плаќање во кеш

ноември 23, 2014

Развивање на сивата економија, отпуштање вработени, исплаќање хонорари пониски од минималната плата, се последиците што здруженијата на работодавци во Македонија ги очекуваат откако ќе се усвојат измените во Законот за придонеси  за задолжително социјално осигурување. Од здруженијата на работодавци во Македонија, велат дека уште во август, кога се разговарало на оваа тема, тие ги кажале своите […]

За да платат данок, професорите не се јавни функционери, а за лустрација – се!

ноември 21, 2014

Според еден закон, професорите и лекарите се носители на јавни функции, додека според друг – не се. Ако се суди според досегашните изјави на Томе Аџиев, претседателот на Комисија за верификација на фактите, професорите треба да бидат подложни на лустрација и на последиците од неа, додека, пак, според ПИОМ, тие најверојатно нема да бидат во […]

Страна 1 од 2