Свет Балкан Протести во Романија поради намалување на казните за корупција

Протести во Романија поради намалување на казните за корупција

Илјадници Романци синоќа излегоа на улиците во знак на протест поради одлуката на владата да издаде декрет со кој се намалуваат казните за корупција.

Новиот декрет, како што јавуваат романските медиуми, ќе поштеди многу политичари од кривично гонење.

Во Букурешт демонстрантите спонтано се собираа пред седиштето на владата, извикувајќи „крадци“ и повикувајќи на оставка на социјалдемократската влада, која на власт дојде пред помалку од месец дена.