Подглавна секција Протести во повеќе градови во САД поради победата на Доналд Трамп

Протести во повеќе градови во САД поради победата на Доналд Трамп

Mасовни протести во повеќе американски градови имаше синоќа по изборната победа на Доналд Трамп.

Демонстранти излегоа на улиците на Њујорк, Филаделфија, Чикаго, Бостон, Сиетл, Портланд, Сан Франциско и на Вашингтон, извикувајќи „Не е мојот претседател“ – фраза, која стана популарен хаштаг и на „Твитер“.

Илјадници луѓе излегоа на Шестата авенија во Њујорк, на која се наоѓа кулата „Трамп“, каде е бизнис-империјата на новоизбраниот претседател.

Демонстрантите во Чикаго скандираа „Еве како изгледа демократија“. Во северозападниот град Сиетл демонстрантите скандираа „Солидарност!“ и „Станете и возвратете на ударот“.

Група од повеќе од 100 лица во Вашингтон скандираше „Љубов, а не омраза“, во протестот што се одржа на две улици од Белата куќа.

Приближно 24 часа порано, слични протести избија и во повеќе градови од западното крајбрежје на САД, по неочекуваната победа на Трамп над Хилари Клинтон во претседателската трка.