Свет Протести во Кундуз поради смртта на 26 цивили во воздушни напади

Протести во Кундуз поради смртта на 26 цивили во воздушни напади

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 26 цивили, меѓу кои жени и деца, загинале во воздушните напади на северот на земјата.

Поради тоа жителите на Кундуз протестираа пред канцеларијата на гувернерот, носејќи ги телата на жртвите.

НАТО соопшти дека нападите се изведени за да се заштитат пријателските сили во операциите во Кундуз и оти ќе биде извршена истрага поради цивилните жртви.

Претходно Алијансата соопшти дека во борбите кај Кундуз загинаа двајца американски војници, а двајца се ранети додека биле во мисија на советување на авганистанската војска во борбите со талибанските милитанти.