Свет Балкан Протест на родителите чии деца беа убиени во училиштето „Рибникар“ во Белград

Протест на родителите чии деца беа убиени во училиштето „Рибникар“ во Белград

На протестот има граѓани од сите возрасни групи кои бараат правда за деветте починати деца и чуварот на училиштето кои беа убиени на 3 мај оваа година од страна на нивниот соученик Коста К.

Фото: Архива, Wikimedia Commons, https://www.youtube.com/watch?v=wzRlDjH2dLM

Родители на деца од Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград протестираат пред влезот на училиштето, пренесува Н1 Србија. Неколку од нив истуриле, сива боја на коловозот, пребојувајќи го натписот „училиште“, а потоа истуриле и црвена боја.

Н1 пренесува дека присутни се граѓани од сите возрасни групи кои бараат правда за деветте починати деца и чуварот на училиштето кои беа убиени на 3 мај годинава, откако ги застрела ученик од истото училиште.

Родителите велат дека од трагедијата до денес, властите немаат преземено мерки за безбедноста на децата и сè уште не одговараат на апелите на загрижените родители.

Дополнително, Министерството за образование во Србија им препорача на образовните институции да не организираат новогодишни прослави поради жртвите што загинаа во два вооружени напади во земјата годинава.