Македонија Прославувајте одговорно – здравствените установи ќе бидат дежурни за новогодишната ноќ

Прославувајте одговорно – здравствените установи ќе бидат дежурни за новогодишната ноќ

Министерството за здравство апелира до граѓаните внимателно да консумираат алкохол и храна, како ид а не користат пиротехнички средства кои можат да предизвикаат тешки телесни повреди.

Фото: Мета.мк

Министерство за здравство соопшти дека за време на новогодишната ноќ сите јавно-здравствени установи во државата ќе бидат подготвени со дежурни екипи.

Дополнително, со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, од министерството апелираат да се прославува мирно и одговорно, особено во однос на консумирањето алкохолни пијалаци и прекумерното внесување храна.

Исто така апелираат да не се користат пиротехнички средства кои можат да предизвикаат тешки телесни повреди.