Економија Просечната нето-плата во ноември 2020 изнесувала 27.588 денари

Просечната нето-плата во ноември 2020 изнесувала 27.588 денари

фото: Архива на Мета

Просечната месечна нето-плата по вработен во ноември 2020 година, изнесувала 27.588 денари и е за седум отсто повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Просечната бруто-плата, пак, изнесувала 41.141 денар и е за 7,4 отсто повисока во однос на ноември 2019 година.

„Зголемувањето на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 11,2 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита 11,2 и Образование за 9,5 отсто,“ се вели во соопштението на ДЗС.

Намалување на просечната плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,1 отсто, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 3,6 и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 3,4 отсто.