Економија Просечната нето-плата во мај изнесувала 25.270 денари

Просечната нето-плата во мај изнесувала 25.270 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 25.270 денари и е за 3,1 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во мај била 37.520 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање (10 отсто), градежништво (7,4 отсто) и дејности на здравствена и социјална заштита (7,2 отсто).

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (16,5 отсто), градежништво (3,9 отсто) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3,6 отсто).