Економија Просечната нето-плата во декември изнесувала 25.784 денари

Просечната нето-плата во декември изнесувала 25.784 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018 изнесувала 25.784 денари, а бруто-платата 37.704 денари, објави Државниот завод за статистика.

Зголемување на нето-платата во декември во однос на 2017 година е 8,1 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (28 проценти), уметност, забава и рекреација (24,3 проценти) и рударство и вадење на камен (20,9 проценти).