Економија Просечната нето-плата во април изнесувала 41.085 денари

Просечната нето-плата во април изнесувала 41.085 денари

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна плата по вработен во секторите Образование, Земјоделство, шумарство и рибарство и Информации и комуникации

Фото: Мета.мк

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април во земјава изнесувала 41.085 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Индексот на просечната исплатена нето-плата во споредба со истиот месец 2023 година изнесува 113,7. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна плата по вработен во секторите Образование (21,8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18,6%) и Информации и комуникации (18%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април годинава изнесувала 61.703 денари.