Економија Просечната нето-исплатена плата во мај изнесувала 28.721 денари

Просечната нето-исплатена плата во мај изнесувала 28.721 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 28.721 денари и е зголемена за 8,8 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државен завод за статистика (ДЗС). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 изнесува 42.917 денари и е зголемена за 8,9 проценти во однос на истиот месец лани.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7 отсто) и Други услужни дејности (14,4 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,5 отсто) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5,3 отсто),“ се вели во соопштението од ДЗС.