Економија Просечната месечна нето-плата во април изнесувала 24.785 денари

Просечната месечна нето-плата во април изнесувала 24.785 денари

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, во април изнесува 24.785 денари и е за 3,5 проценти повисока од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата пак е 36. 796 денари и е зголемена за 4,8 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита (9,4 проценти), транспорт и складирање (8,5 проценти) и административни и помошни услужни дејности (6,8 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (6 проценти), Рударство и вадење на камен (5,6 проценти) и транспорт и складирање (4,2 проценти).