Свет Пропадна обидот на републиканците да го заменат „Обамакер“

Пропадна обидот на републиканците да го заменат „Обамакер“

Републиканците во Сенатот на САД не успеаја да ги соберат неопходните 60 гласови за целосна или делумна замена на Законот за здравствена заштита (Обамакер). Сенатот го отфрли предлог-законот со 43 гласа „за“ и 57 „против“, од кои девет гласа беа од редовите на републиканците.

Сенаторите гласаа за отворање дебата за новиот републикански закон за здравствена заштита, што се смета за голем чекор кон обидот на претседателот Доналд Трамп да го поништи законот што го донесе неговиот претходник.

Неколку републиканци кои претходно се противеа на планот за нов закон за здравствена заштита го сменија своето мислење и гласаа за новиот предлог-закон. Сепак, тоа не беше доволно за тој да биде изгласан.

И претходните обиди да се замини „Обамакер“ пропаднаа поради поделеноста во Републиканската партија.
Поништувањето на „Обамакер“ беше една од главните точки на изборната кампања на претседателот Трамп.