Свет Пронајдени траги од експлозив кај жртвите од несреќата на „Иџипт ер“

Пронајдени траги од експлозив кај жртвите од несреќата на „Иџипт ер“

Тимот што ја истражува несреќата со падот на авионот на „Иџипт ер“, која се случи во мај годинава, денеска соопштил дека на телата на жртвите биле пронајдени траги од експлозив, јавуваат светските медиуми.

Ваквите наоди ги зголемуваат сомневањата дека авионот веројатно бил намерно урнат.

Од египетското министерство за цивилна воздухопловидба денеска соопштиле дека, според законите во Египет, истрагата за случајот ќе ја преземе обвинителството, доколку истражниот комитет заклучи дека несреќата е последица на криминален акт, пренесува „Би-би-си“.

Авионот на „Иџипт ер“, кој леташе од Париз за Каиро, се урна на 19 мај, во источниот дел на Средоземно Море, а во несреќата загинаа сите 66 патници и членови на екипажот.