Подглавна секција Пронајдени стотина тела на загинатите при уривањето на рускиот авион во Египет

Пронајдени стотина тела на загинатите при уривањето на рускиот авион во Египет

Спасувачките екипи што работат на местото каде утринава се урна рускиот авион, извадиле околу 100 тела на луѓе кои загинале при падот на авионот, јавуваат светските новински агенции, повикувајќи се на извори од спасувачкиот тим.

Сите 224 патници во авионот биле руски државјани, меѓу кои 17 деца, како и седумчлен екипаж. Според последните податоци, пронајдена е една од црните кутии на авионот.

Според неофицијални информации, авионот при падот се поделил на два дела. Египетските власти наредија итна истрага за причините за падот на рускиот авион. Засега тие ја исклучуваат можноста за терористички акт.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до роднините на жртвите во несреќата со рускиот авион во Египет.