Хроника Пронајдени експлозивни направи и муниција на депонија во Тетово

Пронајдени експлозивни направи и муниција на депонија во Тетово

Тетовецот Р.К, вчера на депонијата за претовар на смет на улицата Маршал Тито во Тетово, при собирање предмети помеѓу депонираните отпадоци, пронашол две експлозивни направи и рамка со 30 куршуми, калибар 7,62 милиметри.

Како што соопшти полицијата, истиот ден, околу 18.30 часот, на истото место, лицето И.Ш. од Тетово, при собирање предмети помеѓу депонираните отпадоци, пронашол една експлозивна направа.

Полициските служби извршиле увид на местото на настанот, а стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнале пронајдените експлозивни направи и муницијата, за кои ќе биде спроведена понатамошна постапка.