Дописници Пронајден мртов маж во холот на поранешната зграда на „Телеком“ во Тетово

Пронајден мртов маж во холот на поранешната зграда на „Телеком“ во Тетово

Во просториите на поранешната зграда на „Телоком“, објект кој за време на изборите ДУИ го користи како изборен штаб, е пронајдено безживотно тело на 25-годишен жител на Тетово.

Според тетовското јавно обвинителство, лицето е затекнато обесено, со јамка околу вратот, на скалите во внатрешноста од објектот.

Момчето работело како келнер во едно од тетовските кафулиња. СВР Тетово, јавен обвинител и екипи на Судска медицина извршија увид на местото. Мртвото тело е предадено на обдукција за да се утврди како точно настапила смртта.