Македонија Променливо време, со температура до 21 степен

Променливо време, со температура до 21 степен

Денеска времето во западниот и во централниот дел од Македонија ќе биде променливо облачно, со можност за врнежи од дожд во Охридскиот Регион, додека во источниот дел на земјата ќе биде сончево, со ветер од променлив правец.

Утринската температура се движи од минус 3 до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 11 до 21 степен.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, со максимална дневна температура до 18 Целзиусови степени.

Синоптичарите до четврток прогнозираат стабилно и значително потопло време, со умерен ветер од јужен правец, а од петок се најавуваат повремени врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура.