Македонија Променливо време, со температура до 33 степени

Променливо време, со температура до 33 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува нестабилно време со врнежи од дожд, грмотевици и засилен ветер, кои ќе бидат поизразени во источните и североисточните делови од земјата.

Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, а во западните делови од земјата се очекува умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура се движи од 10 до 20 Целзиусови степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 23 до 33 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 5.

Во Скопје денеска времето претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а за попладне синоптичарите најавуваат услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 31 Целзиусов степен.