Македонија Променливо облачно време со повремен дожд

Променливо облачно време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со обилен пороен дожд особено во западните и јужните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната температура од 20 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до 17, а дневната до 31 Целзиусови степени.