Македонија Променливо облачно време со повремен дожд

Променливо облачно време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со краткотраен локален дожд, а повеќе врнежи се очекуваат во југоисточниот дел на земјава.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 13 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 9 Целзиусови степени и дневна до 20 степени.