Македонија Променливо облачно време со подолги сончеви периоди

Променливо облачно време со подолги сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со подолги сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 5 Целзиусови степени, а дневната од 5 до 12 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно и посвежо со подолги сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе се искачи до 10 степени.