Македонија Променливо облачно време со локален пороен дожд

Променливо облачно време со локален пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во јужните делови од земјава – нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи, особено во првата половина од денот. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени, а дневната температура до 27 степени.