Македонија Променливо облачно време со локален дожд и со грмежи

Променливо облачно време со локален дожд и со грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди, но и со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе има и појава на грмежи, особено во југоисточните делови од земјаата, каде на некои места се очекува да наврнат околу 30 литри дожд на еден метар квадратен.

Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 21 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично. Од четврток во попладневните часови се очекува повторно стабилизирање и извесно затоплување.