Македонија Променливо облачно време, попладне локален дожд и грмежи

Променливо облачно време, попладне локален дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од шест до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, со температура до 26 Целзиусови степени. Утре се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека во среда, во раните утрински часови, се уште се можни слаби врнежи од дожд, но во текот на денот се очекува постепено стабилизирање на временската состојба.