Македонија Променливо облачно време, околу пладне – пороен дожд и грмежи

Променливо облачно време, околу пладне – пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде претежно променливо облачно, а претпладне и околу пладне во западните делови од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне слична нестабилност ќе има во југоисточните делови. УВ-индексот ќе биде 6.

Максималната дневна температура ќе изнесува 32 Целзиусови степени во централниот дел од Македонија, 31 степен на крајниот југоисток, 30 степени во Скопје, 27 степени во Пелагониија и на крајниот североисток, 25 степени во Малешевијата и во Пијанец. Во Охридско-струшкиот Регион живата во термометрите ќе се искачи најмногу до 23 степени, а планинските предели на крајниот запад на Македонија ќе имаат максимална температура од 19 степени.

Позначителна нестабилност повторно се очекува в петок кон сабота. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.